ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВРШЕЊЕ ДОЛЖНОСТ

Како што соопштија од СВР Струмица, на 16.02.2022 во 23.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.М.(61), С.М.(29), Ј.С.(30) и Џ.Ј.(40), сите од село Калаузлија, радовишко затоа што во село Калаузлија агресивно се однесувале кон полициски службеници и ги спречувале да одземат бесправно исечени огревни дрва, кои претходно биле пронајдени во дворно место на Ш.М. во селото.

Уште неколку други лица учествувале во настанот и тие физички ги нападнале полициските службеници.

Одделението за внатрешни работи Радовиш презема мерки за утврдување на идентитетот на сите учесници во настанот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 384 и член 383 од Кривичниот законик.

 

Информираат од СВР Струмица

 

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза