ПОПЛАДНЕ И УТРЕ ДОЖД, ПРЕКУ ДЕНОТ СОНЧЕВО И ПОТОПЛО

Денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза