Службено се регистрирани петте одложени натпревари на Металург на кого притоа му се одземени и пет бода, по еден за секој неодигран наптревар.
Службена победа и бодови „им додели“ на Вардар, Радовиш, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел од 10:0 против Металург претходно беше суспендиран од Европската ракометна федерација поради неисполнувањето на финансиските обврски кон Зоран Кастратовиќ и Александер Шпенде.
РФМ на барање на ЕХФ да го суспендира Металург се додека не ги исполни обврските, а бидејќи тоа се уште не е решено, тимот од Автокоманда службено ќе го загуби и натпреварот против Скопје кој требаше да се одигра викендов во последното 22. коло од првиот дел од сезоната во ракометната Суперлига.
Долговите на Металург се во вредност од 25.000 евра до крајот на неделава како краен рок за да може да им се тргне суспензијата.
РК Радовиш во сабота со почеток од 18.30 часот, го игра натпреварот против РК Тиквеш во СРЦ „25 мај“ во Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови