СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА ПО ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ СО ОСТАТОЦИ ОД СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза