ВО РАДОВИШ ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ „ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

 

Решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме во нашата општина. Започнуваме со проектот „Зонско паркирање„ со кој очекуваме да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот во нашата општина а со тоа и регулирање на постоечките паркинг места и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина се вели во информацијата од Градоначалникот Ацо Ристов.

Во продолжение следува дополнителни информации како ќе се одвива оваа реализација на овој многузначаен проект: „На почетокот, во соработка со ОВР Радовиш ја реализиравме кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“ со цел да ја подигнеме свеста кај граѓаните за важноста на решавањето на овој проблем. Во почетокот на наредната недела, започнуваме со поставување на нова и обнова на постоечката вертикална сигнализација, преку поставување на сообраќајни знаци согласно сообраќајниот проект и новиот режим на сообраќај во нашата општина. Исто така, во соработка со ОВР Радовиш, ЈП Плаваја и ТППЕ Радовиш, започнуваме и со ново обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Дополнително ќе бидете известени за текот и распоредот на оваа акција, со цел истата да се одвива непречено и ефективно. Она што е најважно за сите нас во овој момент е да воспоставиме високо ниво на соработка и со ваша помош да успееме да ставиме ред во сообраќајот и заедно да го решиме проблемот со паркирањето во нашата општина. Следствено на ова, во соработка со ЈП Плаваја, ќе следуваат известувања и уште повеќе информации во делот на организирањето и се што ќе биде поврзано со зонското паркирање, каде ќе имате можности да ги давате вашите мислења и забелешки а се со цел, сите да бидеме задоволни од решавањето на овој проблем во нашата општина. Однапред Ви благодариме за соработката – информираше Градоначалникот Ацо Ристов.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза