Почитувани,
Одржливиот развој на една општина имплицира развој кој ги задоволува потребите на сегашните генерации, без да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Со други зборови, при планирањето на нашите секојдневни активности, треба да размислуваме и за идните генерации.
За таа цел Ве покануваме да земете активно учество во процесот на изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“.
Првата сесија ќе се одржи на 04.05.2022 година (Среда) во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, со почеток во 13 часот.
На оваа прва сесија ќе се презентира методологијата за изработка на стратегијата, како и ќе се формираат работните групи кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво, потоа истите работни групипродолжат да учествуваат во текот на целиот процес за изработка на стратегијата.
Се надеваме на Вашето присуство.
АГЕНДА за прва сесија
04.05.2022 година (Среда), локација: Ресторан МАГ МАРГ Радовиш
13:00 – 13:15 | Пристигнување и регистрација на учесниците |
13:15 – 13:20 | Воведен говор |
13:20 – 13:30 | Презентација на моменталната состојба во општина Радовиш (профил и статистички податоци) |
13:30 – 13:45 | Презентација на методологијата за изработка на стратегијата за Локален Одржлив Развој |
13:45 – 14:00 | Формирање на работни групи |
14:00 – 15:30 | Работа во групи
– Анализа на состојбата во општина Радовиш – Идентификување на проблеми |
15:30 – 16:00 | Дискусија |
16:00 | Коктел |
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови