Грижата за локален одржлив развој на општината е основната алка во ланецот за постигнување успех. Во таа насока и со цел долгорочно да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните, започнавме со изработка на „Стратегија за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“.
Вчера, 04.05.2022 година (Среда) со почеток во 13:00 часот во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, се одржа Првата сесија од процесот на изработка на Стратегијата. На сесијата беше презентирана методологијата за изработка на стратегијата, а беа формирани и посебните работните групи кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво.
Креирањето на сеопфатна стратегија, претставува насока по која треба да се движи општина Радовиш, бидејќи располага со потенцијално богатство кое сеуште е недоволно искористено и има простор за остварување на многу успешни проекти.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови