Денес во употреба пуштивме неколку приоритети кои беа на барање на граѓаните на општина Радовиш. Во присуство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, Пратеникот Здравко Трајанов и Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, во употреба беше пуштена новата сала за венчавање која всушност е мултифинкционален објект кој ќе се користи за повеќе намени, вклучувајќи го делот за уметничка галерија, како за и организирање на културни настани како: камерни концерти, промоции, изложби, презентации и слично, со можност во иднина да прерасне во Музеј на град Радовиш со кој ќе се гордееме сите заедно.
Со овој објект практично на граѓаните им овозможуваме нов простор во кој може да организираат склучување на бракови, пропратено со останати елементи. Исто така согласно новото сообраќајно решение во употреба го пуштивме и делот од улицата „Св.Спасо Радовишки“ со новиот паркинг простор и партерно уредување, како и новоизградените улици во урбан блок 9 со кои го решивме проблемот на сите граѓани од тој дел на градот за современ пристап до својот дом. Продолжуваме со реализција на ветеното. – истакна Градоначалникот Ацо Ристов.
Во Радовиш, градоначалникот кажа три проекти се завршени и пуштени во употреба во овие би рекол 5 месеци откако тој е градоначалник и уште десетици се започнати. Според динамиката со која се одвиваат настаните овде во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но очекувам да има влијание и во околината. Им честитам на градоначалникот и неговиот тим за сработеното во овие 5 месеци откако тој е градоначалник и очекувам со несмалена динамика, а зошто да не и зголемена динамика да продолжија реализацијата на ветеното што го земавме како наша обврска пред граѓаните за време на кампањата на локалните избори. Така уште еднаш нека е со среќа овој објект позади мене, салата за венчавки, за венчавање на радовишани и местото каде што ќе може уметниците да ги изложуваат своите дела. Ќе ја прошетаме улицата, потоа одиме на друга улица која се асфалтира во моментов – истакна денеска Христијан Мицкоски кој беше гостин во Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови