РК РАДОВИШ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА, НОВИ ДОГОВОРИ ЗА ИГРАЧИТЕ, ДОЛДУРОВ И ЃОРГИЕВ ЈА ЗАВРШИЈА КАРИЕРАТА

Здравко Постолов, Ангелче Органџиев и Иванче Ончев ја продолжија соработката со РК Радовиш и за следната сезона, исто така нашиот искусен голман Славјан Паунов останува во РК Радовиш. во тимот следната сезона место има и за Томче Трајчевски кој игра на позицијата пивот.

Од РК Радовиш со последниот натпревар се „пензионираа од активното играње„ Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев ,  радовишки лидери во РК Радовиш кои измината деценија ја носеа екипата во своите врвни достигнувања и игри во Супер ракометната лига на Македонија.

Долдуров,  играше на лево крило во тимот, а во последно време и на позицијата пивот, реши да стави крај на активното играње и натпреварот со Прилеп беше последен во неговата кариера. Исто така и капитенот Ѓорѓиев, кој играше на позицијата десно крило, го одигра последниот натпревар во кариерата 

Од РК Радовиш им се заблагодари за придонесот со подароци, а нивните места ќе бидат пополнети со младите Кристијан Ристов и Филип Трајанов, кои подолго време се дел од првиот состав на Радовиш.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза