Како дел од заедничкиот Консултативен Комитет Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов беше во службена посета на Европскиот Комитет на региони во Брисел.
Свое обраќање Градоначалникот имаше вчера на конференцијата „7th ENLARGEMENT DAY“ чија главна тема беше изменетата политичка реалност и геополитичките промени кои се случуваат во Европа како и истражување на потребите и приоритетите на младите и дали тие можат уште повеќе да се мобилизираат за да го придвижат самиот процес напред.
Европскиот комитет на регионите е тело на Европската Унија на регионални и локални претставници од сите 28 земји-членки, чија задача е да ги вклучи регионалните и локалните власти во процесот на одлучување на ЕУ.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови