РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО ВО СТРУМИЦА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРИВЕДЕ СТОРИТЕЛИТЕ ВО РАДОВИШ

Полицијата утрово привела три лица сите од Струмица за вчерашното убиство во кое беше убиено 22-годишно момче.

Според информаиците од полицијата, М.Ј. (22) и Р.А. (33) биле фатени во Радовиш, а Ј.Т. (44) во с. Дедели.

На 05.07.2022 околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј..

Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза