Фудбалски клуб ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за упис на млади категории
Се распишува Јавен повик за упис на членови за младите категории на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА.
Уписот важи за дечиња родени во периодот од 2006 год. до 2009 год.
Уписот ќе се врши во службените простории на ФК ДЕТОНИТ , односно на Градскиот стадион во Радовиш.
Потребни документи за упис на членови се:
-Фотокопија од Извод од матичната книга на родени
-Изјава од родител – старател за прифаќање на условите за тренирање
Јавниот повик ќе биде отворен 5 дена, заклучно со 10.08.2022 год. (Среда)
По завршувањето на уписите, согласно бројот и возраста на дечињата од Среда ќе започнат и редовните тренинзи а дополнително ќе биде објавен распоред на термини и категории за тренинг.
Тренинзите ќе бидат бесплатни а ќе бидат водени од докажани фудбалски работници.
ФК „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“
Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови