ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА Е ПРИОРИТЕТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

„Подобрување на условите за живот во населените места е наш приоритет“, истакна Градоначалникот Ацо Ристов при посетата на месната заедница „Извор“ во Калугерица.

Во ова населено место во тек е изградбата на улицата кон гробиштата а претходно заврши нанесувањето на дробен материјал – тампон кој беше наменет за поправки и пробивање на патишта од земјен коловоз, како и уредување на порои.

Со заеднички напори и поддршка од месното население ќе ги уредуваме населените места со цел сите жители да имаат достојни услови за живот.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза