Со единствена цел секое дете да расте во топол дом и да добие шанса за светла иднина, настанот е со цел промоција на згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото.
Денеска на плоштадот Св. Спасо Радовишки во Радовиш, посетете не и дознајте ги придобивките од згрижувањето, како и начинот на кој може да се стане згрижувач.
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во 26 општини во Републиката во 2022, а е во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,Битола” и “11 Oктомври”, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.
Настанот беше наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижувањето.
Развојот на социјалните услуги во локалната заедница и нивна достапност до граѓаните е наша заедничка заложба. Општина Радовиш ја поддржува иницијативата за градење на мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите, и како дополнителен стимул за пријавување на згрижувачки семејства во Радовиш. Ние,општина Радовиш ќе дадеме сопствен придонес во идентификување на потенцијални згрижувачи кои ќе обезбедат грижа и заштита на децата и ќе овозможат одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло – истакна Градоначалникот Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови