Денеска во салата за состаноци во општина Радовиш беа претставени резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот .
Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и анализа на екологијата во Радовиш во рамките на проектот АДАПТ, организиран во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за управување со кризи.
Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан
На настанот се преставија прелиминарните резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот, анализата на живеалиштата и препораки за имплементација на мерки за решенија засновани врз природата за имплементација на локацијата во Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови