„ ПОДДРШКА ЗА ФУДБАЛОТ ВО РАДОВИШ“ – ГРАДОНЧАЛНИКОТ РИСТОВ НА ТРЕНИНГ СО ФУДБАЛЕРИТЕ!

Во знак на поддршка на Фудбалскиот клуб „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“, кој утре го има едно од најтешките гостувања во есенскиот дел, денес Градоначалникот Ацо Ристов го посети градскиот стадион и на фудбалерите лично им посака спортска среќа и успех на гостувањето во Гостивар. „Нека сплотеноста која владее во клубот, и давањето на максимумот на секој поединец бидат причина за успех до крајот на есенскиот дел“, изјави Градоначалникот Ристов.

Покрај тоа, општина Радовиш сериозно се вложува и во подобрување на спортската инфраструктура и за таа цел пред неколку дена во посета на општината беше Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Г-дин Муамед Сејдини, кој заедно со Градоначалникот ги разгледаа условите на самиот градски стадион утврдувајќи дека потребни се одредени зафати на самата тревна површина и трибините.

Фудбалот во Радовиш ќе има подобра иднина, да дадеме заедничка поддршка.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза