Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, вчера во Ресторанот „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.
Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување на Мелани Младеновска, Стефан Димитров и Александар Стојанов од Боречкиот клуб „Бучим, на Стефан Ангелов и Давид Димов од Велосипедскиот клуб „Бел Камен Бајкс“, на Стрелачки клуб „Бучим“, на Васе Здравков од Сррк „Крап“ и на Мирко Василев од Муаи Таи клуб „Адреналин“.
Плакетите беа доделени на Горан Атанасов од Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“ за спортски тренер на годината, на Димитар Јованов од Боречкиот клуб „БУЧИМ – РАДОВИШ“ за спортски работник за повеќегодишна работа, на Кошаркарски клуб при ООУ,,Крсте Петков Мисирков” Радовиш за женска екипа на годината, на Мери Васева од ЖФК „Плачковица“ за Спортистка на годината-категорија Кадети и на Илија Атанасов од Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“ за – Спортист на годината-категорија Кадети
Градоначалникот Ацо Ристов ги додели Плакетите за спортист на годината во категорија–Сениори на Митко Ашкилов од Муаи Таи клуб „Комбат“ и за Спортска екипа на годината на Фудбалскиот клуб „Детонит Плачковица“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови