После одиграните неколку контролни натпревари ФК Детонит Плачковица е пред почетокот на продолжението на сезоната 2022/23 – пролеттниот дел.
Првиот натправр е закажан на 18 февруари каде што нашиот тим гостува кај струмичка Беласица, потоа во Радовиш ни доаѓа Тетекс од Тетово, за на 3 март го имаме за противник скопски Вардар, пота следуваат натпреварите со Кожуф, Аресими и Охрид.
ФК Детонит Плачковица со новиот стратег Иван Варадиновски, имаше успешни подготовки и одигра контролки со косовскиот Феризај и гевгелиски Кожуф натпрварите завршија со поволен резултат од 1-0 за нашиот клуб.
Од управата очекуваат успешен старт на пролеттниот дел од сезоната, и ги покануваат верните љубители на спортот и фудбалот и овој дел од превенството да го бодрат нашиот клуб и бидат присутни на Градскиот стадион во Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови