СЛЕДУВА ПЕРИОД НА СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 17 СТЕПЕНИ

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Утре во Радовиш времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне сончево. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза