Општина Радовиш распиша Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 год.
Во повикот се вели:
- Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита во општина Радовиш за 2023 година ;
- Потребни документи за поднесување се :
-годишна програма за работа и финансиски план за 2023 год.;
-извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2022 год.;
-копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
-копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
-потврда за отворена и активна жиро сметка.
- Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 16.02.2023 год.
- Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови