Доделени сертификати и благодарници на младите ликовни уметници кои посетуваа бесплатен основен курс по ликовно образование. Овој курс беше во организација на Друштвото на ликовни уметници од општина Радовиш „РАДА ДЛУР“, а сертификатите и благодарниците викендов беа доделени во присуство на Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.
Курсот во изминатите три месеци се одвиваше, а сите дела кои беа изработени од страна на младите ликовни таленти, во саботата беа изложени во музејот на љубовта и уметноста.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови