Денес Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во соработка со ЈОУДГ „Ацо Караманов“ го прославија доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење мартинки.
Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува со стотици години.
На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските.
Децата од градинката под водство на своите воспитувачки под мотото „Со бел и црвен конец сукаме мартинки“ изработија мартинки кои си ги подарија за среќа.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови