ВРЕМЕТО ОБЛАЧНО И ВЕТРОВИТО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форма на невреме. Температурата ќе достигне  до 17 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој попладне ќе се промени во северен, и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза