На 13.06.2023 во 17.45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(41) од Радовиш пријавил дека на улица „Даме Груев“ во Радовиш пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување и екипа на ОВР Радовиш извршиле увид и било утврдено дека се работи за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.
Бомбата била подигната за понатамошна постапка.
СВР Струмица
*фото Архива