ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗБРАТИМЕНИТЕ ОПШТИНИ ОД ТУРЦИЈА ЈА ПОСЕТИЈА ОПШТИНА РАДОВИШ

По повод традиционалниот „ЈУРУЧКИ ФЕСТИВАЛ“ кој оваа година по 15-ти пат е под покровителство на општина Радовиш, а во организација на КХО на Турците од Источна Македонија, во официјална посета на општина Радовиш се нашите пријатели од збратимените општини Ергене и Ташкопру од Република Турција.

На 29-ти во Сабота во општина Радовиш беше одржан официјален прием од Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, на Градоначалникот на општина Ергене Г-дин Расим Јускел заедно со неговите Советници, како и на претставниците на општина Јалова-Ташкопру.

Покрај посаканото топло добредојде, од страна на Градоначалникот Ристов беше упатена огромна благодарност до Градоначалникот на Ергене за донацијата од нивната општина на 80 броја урбана опрема – клупи, кои ќе бидат поставени во градот и населените места.

И двајцата Градоначалници изразија желба за продаблочување на соработката на повеќе полиња а особено на полето на економијата, бизнисот и туризмот со цел заеднички да се овозможи подобра иднина на нашите збратимени општини и народи, притоа договарајќи бизнис посета на нашата посета на општина Ергене.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза