Започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона каде што нашиот клуб ќе се натпреварува во Првата ракометна лига. Ростерот на екипата ќе го сочинуваат искусни и квалитетни ракометари кои потекнуваат од нашиот клуб РК Радовиш, а има и нови засилувања кои наскоро ќе бидат претставени пред јавноста.
Екипата и новата управа е подготвена за новите предизвици и се најавува брзо враќање во најелитното натпреварување – Супер ракометната лига.
Тренинзите се реализираат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, тренер останува Љупче Мијалов, помошен тренер е Александар Долдуров.
Од управата најавуваат неколку пријателски-контролни натпревари пред официјално да започне лига натпреврувањето.
РК Радовиш