21 СЕПТЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА МИРОТ

Секоја година на Светскиот ден на мирот се одбележува од целиот свет на 21 септември.

Генералното собрание го прогласи ова како ден посветен на зајакнување на идеалите за мир меѓу сите народи и народности .

На Меѓународниот ден на мирот насилствата и војните треба да запрат барем на еден ден. На денешниот ден, народите на Земјата треба да ги решат меѓусебните проблеми преку преговори. Господатите на војната мора да паднат и да се судат за нивните злосторства. Човековите права и слободи мора да се почитуваат. Храна и образование мора да му се даде на секое дете во светот. Секој поединец заслужува да живее во мир и достоинство.

17 цели за одржлив развој беа едногласно усвоени од страна на 193 земји членки на Обединетите нации во историскиот самит на светските лидери кој се одржа во Њујорк, во септември 2015 година.

Новата амбициозна 2030 агенда бара од земјите да започнат со реализирање на овие цели во текот на следните години. Агендата има за цел да се стави крај на сиромаштијата, заштитата на планетата и да се обезбеди просперитет за сите.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза