Од денес официјално започнува со работа новата 1.3 MW фотоволтаична електрана во Радовиш, најголема во моментот во нашата општина.
Фотоволтаична електрана се простира на површина од 23.000 м2, и е со моќност која е доволна за задоволување на потребите на околу 1000 семејства.
Инвеститор на фотоволтаичната електрана е компанија Go Sun Group во сопственост на наши радовишани.
Производството на соларна чиста зелена енергија која не ја загадува околина, со фотоволтаични панели во последниве години е многу актуелна. Македонија се наоѓа на многу поволна географска положба каде сончевото зрачење е големо и погодно за инсталирање на соларни системи за искористување на сончевата енергија.
Со околу 280 сончеви денови во годината и околу 1500 kWh сончево зрачење на метар квадратен, Македонија спаѓа во земјите со најголемо зрачење во Европа, но не и во земјите кои најмногу ја користат соларната енергија. На пример, Австрија и Германија произведуваат 100 пати повеќе електрична енергија од сонцето иако имаат 30 до 40% помало сончево зрачење во споредба со Македонија.
Уште една поволност е тоа што електричната енергија произведена од фотоволтаичен систем е добиена без загадување на животната средина и нема штетни емисии на CO2. Освен тоа и државата како целина ќе има бенефит: помалку загадена животна средина, помалку откуп на скапа увозна ЕЕ преку ден, кога е најголемата потреба и сл.
Изградбата на фотоволтаична соларна централа е капитална инвестиција која треба да биде во функција неколку децении.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови