ОДЗЕМЕНИ ДРВА И ТРАКТОР СО ПРИКОЛКА ВО АКЦИЈАТА СО БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ОГРЕВНИ ДРВА

На 29.10.2023 во 19.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш гo лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш бидејќи бил затекнат како со товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки превезува бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилото биле одземени, а по целосно документирање на случајот против Ш.Ш. ќе биде соодветна пријава.

 

Истиот ден во село Долни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од ОВР Радовиш, во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш, од Г.Т.(34) од село Долни Липовиќ одзеле бесправно исечени огревни дрва, еден трактор и приколка за трактор, а од дворното место на С.Т.(76) од истото село биле одземени бесправно исечени огревни дрва.

 

Одземените дрва и тракторот со приколка биле пренесени во кругот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Плачковица Радовиш. По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Струмица

 

*фото Архива

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза