ПОНЕДЕЛНИК ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Е НЕРАБОТЕН ДЕН

23 Октомври,  Денот на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Согласно Законот за празници следниот неработен ден за сите граѓани е 23 октомври (Понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба.

 

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода.

До крајот на годината останува уште еден неработен ден 8 декември, „Св. Климент Охридски”, и 21 декември, Ден на настава на турски јазик за припадниците од турска националност.


Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Денот е неработен.

До крајот на годинава неработен е и 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

 

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза