ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ

ХИРУРГИЈАТА НА КАТАРАКТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ!

Промедика Офталмологија е врвна офталмолошка клиника која располага со најсовремена опрема во регионот и е секогаш во чекор со најновите трендови.

Хирургијата на катаракта е приоритет на Промедика офталмологија со преку 15000 обавени операции.

Одсега операција на катаракта подостапна од кога и да била со најсовремен центар за операција на катаракта но и најдобри цени и најдобар квалитет на леќи од најпознати светски брендови.

Катарактата се оперира еднаш во животот и операцијата е брза и безболна – Промедика Офталмологија располага со најсовремената опрема на овие простори со врвни хирурзи со богато искуство и тим од искусни офталмолози.


Почитувани, Ве информираме дека поради огромната заинтересираност акцијата продолжува за „ОПРЕРАЦИЈА НА КАТАРАКТА ЗА САМО 399 ЕВРА“

Закажете субспецијалистички офталмолошки преглед или оперирајте се со најдобра монофокална бела IOL леќа или бифокална жолта леќа!

Со монофокалните интраокуларни леќи пациентот постигнува добар вид на далечина, додека за близина задолжително ќе мора да носи очила.

Со бифокалните интраокуларни леќи пациентот добива добар вид на делачина но и добар вид на близина без да носи очила.

Закажете преглед за вас и вашите најблиски, слободна јавете се и информирајте се:

071 301 301       02 3122 120


Што е катаракта?

Катаракта претставува заматување на природната леќа во окото. Луѓето кои имаат катаракта го опишуваат видот како гледање низ ,,перде” или пак низ замрзнат или замаглен прозорец. Ваквиот замаглен вид ќе доведе до отежнато извршување на вашите секојдневни активности, како читање, возење автомобил (особено навечер), како и потешкотии во препознавањето на лицата на пријателите.

Најчесто катарактата се развива бавно и можеби во прво време нема да ви го наруши видот. Но, со тек на време, како ќе созрева катарактата, така вашиот вид сѐ повеќе ќе се намалува.

Симптоми на катаракта

Некои од основните симптоми кои укажуваат на постоење на катаракта се:

  • заматен вид;
  • промена во перцепцијата на боите (се гледа сина боја);
  • гледање двојна слика;
  • лош ноќен вид
  • особено при ноќно возење;
  • осетливост на светло;
  • бела или сива зеница.

Катарактата најчесто напредува споро, но во некои поретки случаи може да се развие и брзо. Во одредени случаи напредувањето на катарактата може да се манифестира само со опаѓање на острината на видот на далеку, а настанува како резултат на задебелување на леќата. Во овој стадиум, проблемот може привремено да се реши со зголемување на диоптријата на очилата или пак со примена на посилно осветлување или лупа. Меѓутоа, со развивање на болеста леќата почнува да добива жолта или бела боја, а видот станува сѐ послаб, па станува очигледно дека очила со зголемена диоптрија, како и посилното осветлување или лупа нема да го решат проблемот.

 

Третман на катаракта

Кога еднаш ќе се појави катарактата, веќе не може да се излекува со капки за очи, очила со зголемен диоптер, ниту со посебна исхрана. Катарактата единствено може да се отстрани со оперативен зафат. Со помош на ултразвучен апарат се отстранува заматената леќа и на нејзино место се имплантира специјално дизајнирана, флексибилна вештачка леќа, таканаречена интраокуларна леќа која останува трајно во окото.

Временски катарактата се развива индивидуално, од неколку месеци до неколку години. Порано се верувало дека за операција на катаракта треба да се чека до нејзината крајна фаза кога пациентот веќе не е способен самостојно да функционира. За среќа, овој застарен став е надминат. Всушност, како напредува болеста, леќата во окото станува сѐ потврда, а со самото тоа и потешко се отстранува. Исто така, кај позрела катаракта, неопходно е да се користи поголем интензитет на ултразвук, што може да им штети на околните ткива, особено на рожницата. Ваквата операција трае подолго, а со самото тоа подолготраен е и процесот на опоравување на рожницата.

 

Што претставува ласерската корекција на диоптрија?

Ласерската корекција на диоптрија е зафат каде со помош на ласерски зраци се ремоделира рожницата со цел ослободување од постоечката диоптрија, подобрувајќи ја видната острина и отстранување од потребата за оптички помагала ( очила или контакти леќи)

 Промедика Офталмологија

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза