РУДНИКОТ БУЧИМ ИМА ПОТРЕБА ОД ЧЕТИРИ ВОЗАЧИ НА ДАМПЕР

Рудникот Бучим распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Оглас за Возач на Дампер

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Совесно и одговорно ракува со Дамперот;
  • Се грижи за исправноста на Дамперот посебно околу условите во кои работи и неговото навремено одржување;
  • Врши негова проверка и контрола и ги евидентира сите извршени контроли во упатство;
  • Во случај на одредени приметени проблеми интервенира кај предпоставените и бара интервенција од страна на одржувачите,
  • Одговорен е за безбедноста при движење по транспортните  делници

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно образование;
  • Претходно работно искуство од 3 години;
  • Возачка дозвола Ц категорија;
  • Способност за тимско работење;

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

 

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], со назнака за оглас за “Возач на Дампер”.

 

Краен рок за аплицирање е до 18.12.2023 година.

Напомена:
Апликациите без целосно потполнета работна биографија и без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот НЕМА да бидат разгледани!  

Само потполни апликации ќе бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на тест и интервју.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза