Први декември е светскиот ден за борба против СИДА. За да се заштитите од оваа болест, најважно е да бидете добро информирани. Ова се неколку основни факти што треба да ги знаете:
Според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) согласно постоечката евиденција на пријавени случаи заклучно со 31 октовмри 2023, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА.
Во билтенот за заразни болести од 9 ноември годинава ИЈЗ објави дека во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА.
Што е ХИВ/СИДА?
Хумано имунодефициентниот вирус (ХИВ) е пандемична пренослива болест која го предизвикува синдромот на стекнат имунолошки дефицит (СИДА). Кога сидата ќе се развие, имунолошкиот систем на заболениот драстично опаѓа и се појавуваат многу смртоносни инфекции.
Како се пренесува?
ХИВ-от се носи низ посебни телесни течности во човечкото тело и може да се пренесе кога тие течности се пренесуваат од едно на друго лице .
За да дојде до пренос на вирусот мора тие течности да минат низ крвотокот. Вирусот може да се пренесе преку крв, сперма, мајчино млеко, но не и преку плунка.
Дали има лек?
Се уште нема лек за СИДА-та, но сепак медицината многу има напреднато во послените триесет години.
Постојат третмани за ХИВ и СИДА со кои се намалува количината на ХИВ вирусот во организмот и се зајакнува имунолошкиот систем . Така не може да се убие вирусот , но може да се спречи прогресија кон СИДА.
Како да се заштитиме?
Во главно, најдобар начин за едно лице да се заштити од ХИВ/СИДА е да преземе превентивни мерки. Ова вклучува:
1.Комуникација со вашиот сексуален партнер(и)
Да знаете за статусот на вашиот партнер и статусот на неговите/нејзините претходни партнери во однос со ХИВ/СИДА е важно за екстра претпазливост за вашето здравје.
2. ОДбегнувајте да имате повеќе сексуални партнери
Најдобро е да се има моногамна врска во која и двајцата партнери знаат дека немаат ХИВ.
3. Користете кондоми
И покрај бројот на сексуални партнери кои ги имате, користењето на кондоми е ефективен начин да спречите пренесување на ХИВ. Кондомите се и единствено средство за заштита од сексуално преносливи инфекции. Останатите штитат само од несакана бременост.
4.Тестирајте се
Сознанието дека имате ХИВ/СИДА ќе ви помогне да направите мудри одлуки, како веднаш да започнете со третман.
5.Никогаш не користете и не делете употребени игли
Осигурајте се и дека ако правите тетоважа или пирсинг, нема на вас да бидат повторно употребени стари игли.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови