ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊE ВО БОРОВ ДОЛ

Рудникот Боров Дол распиша оглас за вработување.

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Оглас за Референт за сметководство

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • книжење во финансово и материјално сметководство;
  • вршење на неопходни пресметки;
  • вршење на други сметководствени задачи; 
  • контрола и комплетирање на документација поврзана со пресметки и исплата на парични средства; 
  • работење на пресметки со компјутерски програми и анализирање на информации; 
  • подготвување на основни финансиски извештаи, нивна ревизија, материјално евидентирање на трошоците, сметки за наплата и неподмирени долгови, профити и загуби;
  • подготовка на документација за внатрешна и/или надворешна ревизија;
  • подготовка и анализа на документација поврзана со попис на средства;
  • вршење на сродни задачи; 
  • Способност за работа во дадени рокови;
  • Квалитетно извршување на работните задачи;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Претходно работно искуство од 2 години во областа на сметководство и финансии;
  • Предност ќе имаат кандидати со Сертификат за овластен сметководител;
  • Познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
  • Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
  • Обезбеден оброк
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], со назнака за оглас за “Референт за сметководство  (Референт за основни средства – ликвидатор)”. 

Краен рок за аплицирање е до 27.03.2024 година.

Напомена:
Апликациите без целосно потполнета работна биографија и без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот НЕМА да бидат разгледани!  Само потполни апликации ќе бидат земени во предвид. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на тест и интервју. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 


 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза