СЕЌАВАЊЕ: НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПОЧИНА НАШИОТ СОГРАЃАНИН ПОЗНАТ ФОЛК ПЕЈАЧ КИРЧО ПОПЛАЗАРОВ

Кирчо Поплазаров е роден во Радовиш во 1946 година. Тој бил прв победник на најстариот фестивал на новосоздадена народна песна „Валандово“. Неговата песна „Лична валандовчанка“ е првиот победник од публиката во 1985 година на тогаш дебитантскиот Фолк Фест Валандово“. Потоа имал уште неколку настапи на овој фестивал, со песни како што се „Кажи само една дума“ и „Цела тајфа бевме Лино“, но песната „Лична валандовчанка“ останала белег со кој секоја година се отворал фестивалот во Валандово.

Ориентацијата кон фолкот е пресврт во кариерата на Кирчо Поплазаров, кој своето делење на животот со музиката го започнал како пејач на забавни мелодии, па имал и неколку забележителни настапи на Скопскиот фестивал во текот на седумдесеттите години. Најзначајно од оваа „забавно-музичка“ фаза на Кирчо Поплазаров е членувањето во групата „Македонија“, која ја сочинувале најпопуларните македонски пејачи во тоа време. Покрај официјалната фестивалска музичка кариера, Кирчо Поплазаров им останал во сеќавањето на постарите скопски боеми и како пејач со голем репертоар.

Починал на 28 март 2007 година.

Посмртно добил награда за животно дело на 10-тото јубилејно издание на фолк фестивалот „Роса“.

 

 

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза