Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес во салата на Советот на општината, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2023/24 год.
Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот.
Оваа година се доделија вкупно триесет и пет стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: шеснаесет стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, единаесет стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и осум стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. а се доделуваат 9 (девет) месеци во годината.
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови