ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

Светската здравствена организација приредуваше секоја година меѓународни, регионални и месни настани со извесна тематика која е важна за таа година.

Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки”.

– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО.

  

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза