НЕМА ВЕЌЕ БРЗИ КРЕДИТИ БЕЗ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Министерот за финансии Фатмир Бесими конечно го донесе Правилникот за заштита на граѓаните од подигање брзи кредити на нивно име од трети лица.

Отсега натаму финансиско друштво нема веќе да може да дава брз кредит онлајн, само со фотографии од лична карта која може да биде украдена или најдена откако некој ја изгубил. Ќе мора со строга идентификација на барателот и со негово задолжително физичко присуство, ако барателот не ги прима парите на сметка, туку сака да бидат уплатени директно во некоја продавница.Ако барателот ги прима на своја жиро сметка, тоа ќе оди со електронска проверка, со строго утврдената процедура со закон.

Финансиските друштва за брзи кредити, кои со години никој не ги контролира како и кому ги даваат парите, станаа кошмар за многу граѓаните кои иако никогаш не зеле таков кредит, добиваат известување дека треба да враќаат суми со високи лихварски казни за неплатен долг.

 

 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза