НИКОЛОСКИ: ЌЕ ВЛОЖИМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СПОРТОТ, СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ, ПОДДРШКА ЗА КЛУБОВИТЕ И ФЕДЕРАЦИИТЕ


Денеска сум во посета на општините Гевгелија, Валандово и Неготино. Во Гевгелија имав задоволство да проследам дел од државното првенство во карате за категорија од 10 до 14 години. Навистина импресивно како бројни млади деца се натпреваруваат и го градат спортскиот дух, и тоа е нешто што сакаме да го видиме во Македонија после изборите. Затоа силно ќе го поддржиме спортот. И затоа планираме секоја година дополнителни 50 милиони евра поддршка за спортот во Македонија со цел спортот да се развива, и тоа да е основата за развој на нацијата.

Ќе инвестираме во изградба исто така и на спортски објекти, на спортски сали и на сето она кое што е потребно како спортска инфраструктура, но и поддршка на клубовите, федерациите со цел што повеќе луѓе да се занимаваат со спорт.

Денеска исто така ќе посетиме неколку стопански објекти тука во Гевгелија каде што ќе ги презентираме нашите проекти, пред се поврзани со економскиот развој на Македонија, за стимулирање на домашните инвеститори, секако и привлекување на странски инвеститори. Тука е делот на намалување на даноци кои што треба да овозможи по поволна бизнис клима, стимулирање на извозот преку реструктуирање на министерствата, тука секако доаѓа формирањето на таканаречено Министерство за надворешни работи и трговија, кое што треба да се занима покрај се она што се основни обврски на Министерството за надворешни работи и со промоција на извозот од Македонија, како и привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Ќе поразговараме и за состојбите во земјоделието каде што планираме бројни проекти во следниот период и за сето она кое што е важно за граѓаните.

Би сакал да искоментирам уште една работа. Ја гледаме паниката во власта, особено во политичката партија ДУИ, слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија.

 

 



 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза