СО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА ВЛАДАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ


Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошоски заедно со кандидатите за пратеници Моника Ристеска и Гоце Дединец имаа средба со дел од жителите на Ораовица.

Милошоски истакна дека со промената на власта Владата од ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде – истакна Антонио Милошоски на денешната средба во Ораовица.

 

 


 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза