Во соопштението се додава дека Владата им препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.
Деновите кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, 24 април и 8 мај, ќе бидат неработни денови за сите граѓани. Ова е одлуката која владата ја донесе на денешната седница.
„Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови, поради одржување на избори за претседател на Македонија и избори за пратеници во републичкото Собрание“,
се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови