Самиот хидросистем Брегалница кој што го опслужува регионot во 2016 година се наводнувале 9000 хектари, за сега оваа површина да падне на 6800 хектари земјоделско земјиште.
На самиот старт сме на новата сезона за наводнување на земјоделските површини, но дали и колку сме спремни за тоа?, прашува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
-СДС изминативе 7 години тотално го уништи АД Водостопанство, системите за наводнување се стари, руинирани и со години не исчистени, на многу места водата не ни пристигнува до нивите, а самото претпријатие е финансиски исцедено и постојана слика се протестите и штрајковите како на земјоделците така и на вработените кои не земаат плата и по неколку месеци.
Производната година во Радовишко Поле е сериозно загрозена!
Заради лошото менаџирање на браната Мантово ќе нема доволно вода за наводнување на земјоделските површини што сериозно ја загрозува производната година и егзистенцијата на земјоделците од овој регион е под знак прашалник.
Потребно е да се престане со играње со македонските земјоделци, тие не хранат, а државата само им ја отежнува работата и животот. Вода за наводнување мора да има, наскоро доаѓаат промени во Република Македонија, а со тоа и подобри времиња за македонските земјоделци. – истакна Трипуновски при неодамнешната посета на езерото Мантово
Вчера министерот Љупчо Николовски од кочанското поле најави старт на сезоната, но сега имаме 2000 хектари помалку со оризови насади во споредба со 2016 година што е директен показател за лошите земјоделски политики на СДС.
Самиот хидросистем Брегалница кој што го опслужува овој регион во 2016 година се наводнувале 9000 хектари, за сега оваа површина да падне на 6800 хектари земјоделско земјиште.
Наскоро оваа расипничка власт ќе си замине, а на нејзино место ќе дојдат чесни и вредни луѓе кои знаат како да возобноват водостопанството и Македонија повторно да го добие епитетот земјоделска држава, додава Трипуновски.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови