На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјави дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од 24 – годишен возач од струмичкото село Баница, а со телесни повреди се здобила неговата 21- годишна сопатничка од истото село.
Извршен е увид од страна на СВР-Штип, а сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
- фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови