Со оваа власт може да продолжиме само во циклично движење во еден хибриден режим!
Ги нервира тоа што личам на вас, што сакам да одам на пазар, што одам пешки, што сакам да седнам да пијам кафе. Тоа за нив е чудно, тие се научени да живеат во стилот на ,,Живка министерка”, научени се да се сметаат за политички богови. Јас ќе си останам ваква каква што сум, ќе бидам блиска до народот бидејќи мојата инспирација се моите студенти.
Ако не сте го оствариле она што сте го ветиле, ако не сте напредувале во економијата, здравството, социјалната заштита, образованието…
Вие сте делегитимирани и треба да си одите, а не да ветувате дека во вториот мандат чуда ќе направите! – истакна во своето обраќање кандидатот за претседател на Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови