Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме, соопшти УХМР.
Во Скопје од среда до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината во среда ќе врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи. Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови