Синоќа на митинг на градскиот плоштаад во Куманово кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителите на листа од сите шест изборни единици ја презентираа програмата “Проглас за достоинствена Македонија”. Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски повика енергијата од Куманово да се пренесе насекаде во државата и дека Македонија повторно се буди.
Димитриевски кажа дека ќе има правда, тогаш кога на вистинското место ќе дојдат вистински, одговорни луѓе, бидејќи овие не само што лажеа, па дури и од сопствениот народ се откажаа, од вредностите на Крушевскиот манифест и АСНОМ и од сѐ што е свето за Македониа и ако им дозволиме тоа ќе продолжат да го прават.
Носителот на листата од изборна единица 4 Миле Цеков порача дека патриотизмот во 21от век се заснова на борба Македонија да биде економски успешна држава. Затоа Движењето ЗНАМ за Наша Макеодонија го усвои прогласот за достоинствена Македонија .
Една од мерките од прогласот за достоинствена Македонија која што ја најави носителот Миле Цеков е мерка за загарантирана откупна цена за земјоделски производи и субвенции по количина, а не по засадена површина. Цеков нагласи и дека квалитетното земјоделско земјиште ќе се користи исклучиво за производство на храна и ќе се забрани за пренамена во друга намена.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови