ФИЛИПЧЕ: ИМАМЕ ОДЛИЧНИ КАНДИДАТИ КОИ ЌЕ ГИ БРАНАТ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Сега не е момент за откажување, јас никогаш не сум се откажал, а нема да се откаже ниту СДСМ.

Ова го вели носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на својот Фејсбук статус на кој информира дека денеска ги продолжува своите активности на терен и средбите со граѓаните.

„Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал. Ме охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат. Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри и верувам дека тоа ќе се случи. Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме“, вели Филипче.

Тој додава дека со граѓаните разговарал и за резултатот од првиот круг на претседателските избори кој, како што вели е под нивните очекувања.

„Природно е да се чувствуваме обесхрабрени при ваков резултат. Но, големината на еден човек не се гледа во победите, туку во поразите.

Филипче вели дека СДСМ ја примиле пораката од граѓаните и ќе се зафатат со темелни промени веднаш по изборите.

„Пораката од граѓаните и од нашите поддржувачи кои не гласаа е јасна. Потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш после изборите. Но, сега е време за работа и воопшто не е сеедно колку пратеници ќе има СДСМ во идното Собрание. Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните“, пишува Филипче на Фејсбук.



 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза