Низ улиците на градот денеска по повод Денот на пожарникарите се одржа дефиле од единицата на ТППЕ Радовиш.
ТППЕ Радовиш беше посетена од страна на Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец кој на сите пожарникари им го честиташе денешниот ден.
20 мај е ден на пожарникарството во Република Македонија, на овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. 20 мај од осамостојувањето на Македонија во 1991 година се одбележува како ден на пожарникарите во Македонија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови