Затворени трезорските канцеларии во Југоистокот, единствениот службеник заминал на годишен одмор

Финансиските службеници и сметководители од државните институции, градинки, училишта и други од Струмица, Василево, Радовиш, Валандово и во останатите општини во Југоисточна Македонија беа принудени да одат во Штип за сите трезорски услуги во изминатите десетина дена, а откако единствениот трезорски службеник во овој град замина на одмор, од денеска ќе мора да одат во Кочани или во некој друг град кој има ваква канцеларија. – информира порталот СДК.

 

„Двајца од трезорските службеници во Струмица заминаа во пензија, а третиот на породилно боледување. Ни кажаа за која било трезорска услуга да одиме во Штип, каде што имало само еден вработен, но и тој од денеска бил на годишен одмор, па ни посочија да одиме во трезорската канцеларија во Кочани, Кавадарци или Велес“, велат сметководители во регионот.

Секторот трезор, кој е во рамките на Министерството за финансии, е задолжен да управува со трезорски сметки и со други сметки на државата, а врши и други работи утврдени со закон, од кои позначајни се: отворање сметки во рамките на трезорската сметка, водење регистар на буџетски корисници, прием, обработка и евидентирање на барањата за денарски и девизни плаќања, следење на наплатата на јавните приходи на државниот буџет и нивна распределба и следење на наплатата на приходите на единиците на локална самоуправа и нивна распределба.

 

информира порталот СДК.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза