Организиран свечен прием на Марио Ананиев од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш, во техничка организација на БК Бучим Радовиш по повод освојување на бронзен медал на Европско првенство У15 во Лутраки Грција.
На овој прием беше организиран и свечен коктел заедно со сите спортисти и спортски работници.
Марио Ананиев го освои 3-то место и бронзениот медал во категоријат У15 на европското првенство кое се одржа во Лутраки Грција, тој исто така е државен првак во оваа категорија а на манифестацијата „Спортист на годината“ беше избран за најперспективен спортист во 2023 година во Општина Радовиш.
За овој успех и афирмација на општина Радовиш Градоначалникот Ацо Ристов додели ваучер на Марио Ананиев од Боречкиот клуб Бучим. Ваучер со средства додели и Владо Лазаров од име на БК Бучим и Ванчо Чифлиганец.
Поздравно обраќање на овој прием и честитки до Марио упатија Претседателот на Боречката Федерација Дејан Богданов, олимпискиот шампион Шабан Трстена и други.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови